Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан, откри дека неговиот син ќе ја заврши играчката кариера за две-три години. Срѓан најавува дека Ноле ќе освои барем уште две титули на Вимблдон, а и на другите гренслема ќе го крева победничкиот пехар, со што како рекордер во историјата би се повлекол.
Ѓоковиќ во мај треба да наполни 35 години.
„Тој уште двапати ќе го освои Вимблдон и уште неколку други гренслемови. Сигурно. Не треба да се биде стручњак за да се знае тоа. Ќе игра Новак уште две-три години, тоа ќе биде доволно“, најавува Срѓан Ѓоковиќ.