Арсенал е прв полуфиналист во Лига купот на Англија откако убедливо со 5:1 го победи Сандерленд. Ова беше меч на младиот Едвард Нкетија, кој постигна хет-трик.
Токму Нкетија го отвори резултатот со погодок во 17-тата минута, а во второто полувреме двапати ја тресеше мрежата на гостите. По еден гол за Топчиите постигнаа Пепе и Патино.
Утре се играат останатите три меча во четвртфиналето од Лига купот и сите се дел од понудата во Sport Life.