Отказот на Жозе Мурињо од Манчестер јунајтед одекна силно во фудбалскиот свет. Раководството го изгуби трпението со португалскиот стратег, па ниту 25-те милиони фунти оштета не ја спречија управата во оваа одлука.
Светските букмејкери веднаш се фатија за работа, па истакнаа неколку звучни имиња кои би можеле да го наследат Мурињо на клупата на Јунајтед. Како главен фаворит се споменува Зинедин Зидан, екстренерот на Реал Мадрид, кој по крајот на минатата сезона е слободен откако го напушти Кралскиот“ клуб.
На друга страна, клупските легенди, а и навивачите го сакаат Маурисио Покетино, предводникот на Тотенхем, да го преземе Јунајтед и да биде долгорочно решение. Засега тимот ќе го предводи Мајкл Карик, но управата нема одлучено дали ќе му даде шанса на Англичанецот до крајот на сезоната или, пак, некој друг ќе биде вршител на должноста до крајот на шампионатот.
Како привремени решенија се споменуваат Лоран Блан, поранешниот тренер на ПСЖ, но и Оле Гунар Солскјер, додека Еди Хау, менаџерот на Борнмут, исто така е земен предвид. Не треба да се заборави дека и Антонио Конте и Арсен Венгер се без ангажман, но малку е веројатно дека тие двајца би го презеле кормилото на ривалот на нивните поранешни екипи.
Според „Skybet“ :
Според „Paddy Power“:
Според „Betfair“: