Заборавениот од „Олд Трафорд“ по две години конечно очекува да заигра

Фил Џонс веќе 10 години е член на Манчестер јунајтед, но едноставно дефанзивецот е заборавен во последните две години. Џонс имаше проблеми со повредите, па речиси една година не играше, а потоа одигра само неколку натпревари. Последен пат на теренот беше на дуелот од ФА купот во победата над Транмере од 2:0 одигран во јануари 2020 година.

По тој меч, Џонс веќе не заигра. Тренерот Оле Гунар Солскјер едноставно ја загуби довербата кај Џонс и дефанзивецот речиси две години не заигра. Ни по доаѓањето на Ралф Рангник, Џонс не доби шанса, па се очекува да биде продаден во јануарскиот преоден рок.

Според најавите од Англија, Џонс е цел на Бенфика, па можно е поранешниот англиски репрезентативец да оди на позајмица во португалскиот гигант. Бенфика сезонава игра одлично и е дел и од осминафиналето во Лигата на шампионите, каде што ќе играат против Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести