Необична ситуација се случи на бејзбол-натпревар во Мексико. Едниот судија беше пијан и одвај стоеше на нозе, неговите колеги го забележаа тоа и го замолија да се повлече, но тој одбиваше, па мораше да биде исфрлен на сила, со полиција.
И навивачите го забележаа судијата Умберто Саинс дека се тетерави, па го исмејуваа, а тој им враќаше со покажување на средниот прст.
Саинс отишол на трезнење, потоа јавно се извини, а суспендиран е на неодредено време.
This umpire in Mexico had to be removed from the game because the rest of the crew determined that he was drunk pic.twitter.com/1ZLWBns5Lb
— Jomboy Media (@JomboyMedia) December 20, 2021