Чудесен дабл-дабл на Јокиќ, Стеф Кари броеше до 46 (Видео)

Никола Јокиќ одигра одличен меч, но едноставно тоа не беше доволно за неговиот Денвер да се радува. Нагетси загубија на свој терен од Шарлот со 107:115, во меч на кој Јокиќ на крајот заврши со 29 поени и дури 21 скок.

Уште шестмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број поени, но Шарлот најде начин како да го изненади домаќинот. Гостите одиграа одлична последна четвртина, која ја добија со 38:13, и иако пред крајот на третата четвртина губеа со 19 разлика (94:75), на крајот Шарлот се радуваше.

Одлична шутерска партија имаше Стеф Кари, кој даде осум тројки и на крајот заврши со 46 поени, а неговиот Голден стејт го победи Мемфис со 113:104.

 

Резултати: Индијана – Хјустон 118:106, Орландо – Њу Орлеанс 104:110, Филаделфија – Атланта 96:98, Мајами – Детроит 115:112, Њујорк – Вашингтон 117:124, Далас – Милвоки 95:102, Денвер – Шарлот 107:115, Феникс – Оклахома 113:101, Јута – Минесота 128:116, Голден Стејт – Мемфис 113:104, ЛА лејкерс – Сан Антонио 110:138.

- Оглас -

Најнови вести