По одиграното 11-то коло во домашното првенство, изгледот на табелата ги донесе и осумте екипи што ќе играат за куп-титулата во кошарка.
Лидерот Пелистер за противник во четвртфиналето ќе го има ТФТ и ако победи, може да се судри во полуфиналето со Академија ФМП или Еуро Никел, па евентуално со МЗТ Скопје во финале, ако актуелниот бранител на пехарот на стартот го победи Гостивар и потоа подобриот од дуелот меѓу Работнички и Феникс.
Во можно сценарио вечното дерби на македонската кошарка би се случило во полуфиналето, а меч за титулата, според очекувањата, би играл победникот од дуелот меѓу Работнички и МЗТ Скопје со лидерот Пелистер, ако се оди според предвидувањата.
Работнички ќе ги почне куп-дуелите против Феникс и ако победи, би играл со подобриот од мечот меѓу ФМП Академија и Еуро Никел.
Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се игра од 18 до 20 февруари.
Двојки:
(1) Пелистер – (8) ТФТ
(2) МЗТ Скопје Аеродром – (7) Гостивар
(3) Работнички – (6) Феникс 2010
(4) Академија ФМП – (5) Еуро Никел 2005