Капело: Алегри малку е мрзелив, сака да биде блиску до Ливорно

Славниот италијански фудбалски стручњак, Фабио Капело, изјави дека е зачуден како можел Масимилијано Алегри да одби понуда од Реал Мадрид, но мисли дека знае која е причината што Макс не седнал на клупата на најтрофејниот европски клуб.

„Самиот е виновен, донесе погрешна одлука да го преземе Јувентус, а имаше понуда од Реал и идеално време беше да прејде во Мадрид. Потешко е во странство, а тој ми изгледа малку мрзелив, не сака да се сели и да биде многу далеку од неговиот дом во Ливорно“ – изјави Капело, кој изненадувачки, смета дека Вилјареал е фаворит против Јуве во осминафиналето на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести