Вториот тим на МЗТ Скопје го приреди најголемото изненадување во 12 коло откако на гости го победи Работнички со 89:87. За МЗТ Скопје Уни Банка ова е само втора победа сезонава, прекинувајќи една лоша низа од девет порази. Работнички го претрпе петиот пораз.
Уште од почетокот на мечот, гостите од Аеродром покажаа дека не се плашат од името на противникот и дека се дојдени да направат изненадување. Вториот тим на МЗТ минимално ја доби првата четвртина со 21:20, а потоа во втората четвртина постојано имаа водство, кое најмногу беше шест разлика (29:23 и 43:37).
На почетокот на третата четвртина, вториот тим на МЗТ стигна и до плус 9 (55:46 и 61:52). Потоа следуваше најдобриот период во играта на Работнички, па домаќините со одлична серија од 22:8 стигнаа до предност од 74:69 во пресрет на последната четвртина.
Работнички најмногу водеше пет разлика (76:71), но младите момци од Аеродром не се предадоа. Со серија од 16:4, вториот тим на МЗТ Скопје поведе со 87:80 и до крајот не дозволи домаќините да се спасат од пораз.
Вечерва Куманово на гости не дозволи изненадување и со 104:76 славеше над Ангели, а на дуелот Гостивар – Еуро Никел се игра продолжение од пет минути, откако во регуларниот дел беше 79:79.