Њукасл води против Манчестер јунајтед со 1:0 по помалку од 60 минути игра.
Домаќинот игра навистина одличен натпревар и потполно доминира, а со голот на Алан Сент Максим во седмата минута поведе со 1:0.
Истиот играч на самиот старт во второто полувреме, поточно во 47-мата минута, имаше можност да го „закопа“ Манчестер јунајтед и практично го промаши невозможното, а и му овозможи на Давид де Хеа да го спаси својот тим по којзнае кој пат.