На полувремето од средбата меѓу Квинс парк ренџерс и Борнмут се случи една несекојдневна, но и навистина прекрасна работа.
Феликс Мартино е осумгодишен навивач на КПР, а на паузата истрча на теренот заедно со својата сестра, каде што зеде ѕвоно и ѕвонеше, а публиката и јавноста во Англија се воодушевија.
Тој изминативе три години се борел против леукемија, а пред неколку дена успеа да ја победи опасната болест.
Сето тоа го забележаа од КПР и му дадоа шанса на младиот Феликс, кој овие моменти ќе ги памети до крајот на животот.
A special moment for this young QPR fan 🔔
8-year-old Felix rings a bell at half-time to signal the end of a 3 year battle with Leukaemia pic.twitter.com/0IhPljwONl
— Football Daily (@footballdaily) December 27, 2021