Пирло е подготвен да седне на клупата на португалскиот гигант

Италијанскиот тренер Андреа Пирло веќе одредено време е без работа откако доби отказ од екипата на Јувентус.

Но, последните информации велат дека тој набрзо би можел да се активира, и тоа во португалскиот великан Бенфика.

Пирло веќе контактирал со директорот на овој тим Руи Коста, со кого воедно беа и соиграчи во Милан.

Бенфика остана без тренер откако Жорж Жесус го напушти кормилото по поразот од Порто со 3:0 во рамките на Португалскиот куп. Овој тим во моментов е на третото место во најсилната тамошна лига со 37 бодови, но и успеа да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести