И Баерн се вклучува во трката – Кулушевски не блеска, но сè уште е привлечен за гигантите

Дејан Кулушевски не блеска во дресот на Јувентус и ни оддалеку не го потврди талентот и квалитетот за кој Старата дама плати околу 40 милиони евра, но сè уште е интересен за гигантите.

Според „Газета дело спорт“, во трката за ангажман на шведскиот репрезентативец со македонски корени се вклучил и германскиот гигант Баерн Минхен.

Кулушевски сè уште е млад, има само 21 година и од него во перспектива се очекува многу, иако кај Јувентус стагнира.

Покрај Баерн Минхен, за талентираното крило се заинтересирани и ривалите од Северен Лондон, Арсенал и Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести