Не е од калибарот големи ѕвезди во Англија, но само тој погодува редовно цели 15 години во Премиер лигата

Марк Нобл погоди од пенал за Вест хем вчера, во победата од 4:1 на гостински терен против Ватфорд и со тој погодок ја продолжи неверојатната низа што трае цели 15 години.

Од 2007 година, секоја наредна календарска година капитенот на Вест хем постигнувал најмалку по еден погодок.

До вчера му се закануваше да ја прекине серијата бидејќи во 2021 година немаше дадено гол, но доби шанса во 58-мата минута да шутира пенал и да погоди за продолжување на импозантната серија од барем еден гол во Премиер лигата во секоја календарска година од 2007, па досега.

 

 

- Оглас -

Најнови вести