Челзи и Брајтон одиграа 1-1 и по овој кикс, Сините избија на второто место на премиерлигашката табела, но само со еден бод плус пред третиот Ливерпул, со тоа што Црвените имаат и еден меч помалку.
Стрелец на голот за Сините беше Ромелу Лукаку, кој првпат сезонава погодува на две премиерлигашки средби по ред. Гостите се покажаа како незгоден ривал, имаа повеќе шутеви и поголем посед на топката и заслужија да дадат гол, а тоа го сторија дури во 91-вата минута, стрелец беше Дени Велбек.
Челзи сезонава има дадено 7 гола со глава по нафрлување од корнер и со тоа се најдобри во Премиер лигата.
Брајтон на 17 меча против Челзи има само една победа, и тоа пред речиси 90 години, а конечно ја прекинаа црната традиција според која досега немаа дадено гол на „Стемфорд бриџ“.
#CHEBHA #Epl
Chelsea 1-1 Brighton | GOAL! Welbeck. pic.twitter.com/9gnErRN5CK— FAST GOALS (@IFAST29) December 29, 2021