Будуќност настрада во Истанбул

Александар Џикиќ немаше противигра за расположените кошаркари на Анадолу Ефес, па Будуќност го претрпе десеттиот пораз во Евролигата, и тоа убедлив со разлика 38 поени.

Домашниот состав славеше со 106:68 во меч што не донесе многу возбудувања. По првото полувреме Ефес имаше предност од 8 поени, но потоа тргна фуриозната игра на турскиот тим.

Со 32:12 го добија третиот период и ги разрешија дилемите околу победникот. Најефикасен кошаркар со 22 поени е Родриг Буабоа, Брок Мотум постигна 17, а Крунослав Симон 15.

Кај гостите кои одиграа лошо се истакна само Ерл Кларк со 21 поен, а само уште Едвин Џексон имаше двоцифрен учинок со 11 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести