Со Sport Life уживајте во Новогодишната турнеа – Кобајаши тргна на историски подвиг, за победа во Гармиш Партенкирхен коефициентот е топ (Фото)

Рјоју Кобајаши победнички ја почна новата Новогодишна турнеа позната како „Четирите скокалници“, славеше во Оберсдорф, а и денеска е топ-фаворит за победа на легендарната скокалница во Гармиш Партенкирхен.

Јапонецот знае како се победува во култното место, што е втора дестинација во Новогодишната турнеа и славеше во Гармиш пред две години.

Тогаш приреди вистионски подвиг со победи на сите четири скокалници, што е вистински раритет во атрактивниот спорт.

Досега само уште Све Ханавалд во 2001/02 и Камил Штох во 2017/18 успеале како Кобајаши да победат на сите четири скокалници, во Оберсдорф, Гармиш Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен и да ја освојат шампионската круна.

Никому тоа не му успеало двапати, па Јапонецот сега има шанса за историски подвиг.

Денеска од 14 часот Кобајаши пак е фаворит и коефициентот за негова победа во Гармиш е 2.30 во Sport Life.

За сите што сакаат малку поголем ризик и повисоки коефициенти, можеби вреди да се одигра на победа на Норвежанецот Мариус Линдвик, кој победи во Гармиш Партенкирхен во 2020 година, а за него коефициентот во Sport Life е извонреден и изнесува точно 11.

Во понудата која е исклучително богата има понуда за 18 скокачи, а имате можност да се обложувате и на замислени дуели на дури 32 различни тандеми и да погодувате кои учесници ќе бидат на подиумот денеска во Топ-3 на култната германска скокалница.

 

- Оглас -

Најнови вести