Европската ракометна федерација објави информација околу протоколите за сите заинтересирани фанови кои ќе сакаат да бидат дел од ракометното ЕП кое во јануари ќе се игра во Унгарија и Словачка.
Македонската репрезентација на 13-ти, 15-ти и 17-ти јануари ќе игра во унгарскиот град Дебрецин. Според мерките во Унгарија кои не се многу строги, нема лимитирање на посетата и ќе биде дозволена полна сала.
За гледач да влезе на трибините, потребно ќе биде да е целосно вакциниран и да поседува сертификат за имунизација, или да се има потврда за прележаност. Треттаа опција е да приложи ПЦР-тест не постар од 72 часа.
Секој гледач кој е на возраст над шест години задолжително ќе мора да носи маска за време на целиот натпревар и да му бидат покриени устата и носот.