Одложен дуелот меѓу Македонија и Израел бидејќи гостите имаат тројца ракометари позитивни на ковид-19

Последната контрола меѓу Македонија и Израел која требаше да се игра од 18:00 часот е одложена бидејќи гостите имаат тројца ракометари коишто се позитивни на ковид-19.

Во моментов сите наши ракометари се негативни, но ќе има дополнителни тестирања бидејќи овие две селекции вчера ги одмерија силите, каде што нашата селекција на крајот се радуваше со победа од 31:28.

Останува да се види дали некој од позитивните Израелци вчера играше против Македонија, а нам ни останува да се надеваме дека сите останати ќе бидат негативни и без проблем ќе настапиме на Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести