Италијанецот Николо Наполи е наименуван за тренер на романскиот прволигаш Универзитатеа Крајова 1948. Верувале или не, за 59-годишниот Наполи ова ќе биде дури осми мандат на клупата на овој клуб.
Тој претходно го водеше тимот од Крајова во сезоната 2003/2004, па од октомври 2007 до мај 2009, од јануари до април 2011, па од јули 2013 до февруари 2014, од октомври 2018 до мај 2019 и август-октомври 2020 година.
Клубот од 2018 година наваму смени 14-мина тренери, а само во оваа сезона петмина различни стручњаци се менуваа на клупата. Крајова има 19 бода во 21 коло и се наоѓа на 14-тото место на табелата.