Лоренцо Инсиње денеска во хотел во Рим потпиша петгодишен договор со Торонто, клуб кој се натпреварува во северноамериканската МЛС-лига.
Инсиње до крајот на сезонава останува во Наполи, клубот за кој одигра над 400 меча во кариерата, а потоа како слободен агент оди во Канада.
Со годишна плата од дури 11,5 милиони евра, Инсиње ќе биде трет најскап италијански фудбалер, по Стефан Ел Шарави и Грацијано Пеле, кои играат во Кина. Во топ 5 се и Марко Верати од ПСЖ и Себастијан Џовинко од Ал-Хилал.