Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши, победи и на третата од четирите скокалници на новогодишната турнеја, и сега е многу блиску до целосен триумф.
После победите во Оберстдорф и Гармиш Партенкирхен, денеска во Бишофсхофен, Кобајаши беше најдобар во втората серија, и тоа му помогна да победи пред Норвежанецот Мариус Линдвик, кој беше прв после првата серија скокови. Трети беше Халвор Егнер Гранеруд.
И последната станица од турнејата ќе биде Бишофсхофен, откако организаторите во Инсбрук мораа да откажат.