Во Манчестер јунајтед не им се допадна објавата на Пол Погба на социјалните мрежи, тоа го протолкуваа како непочитување кон Жозе Мурињо и клубот најверојатно парично ќе го казни Французинот.
Погба, кој воопшто не беше во добри односи со Мурињо, брзо по објавувањето на веста за разделбата на Јунајтед со Специјалниот, објави своја фотографија на која прави сеирџиска гримаса и побара од неговите следбеници да напишат коментар.
Набрзо оваа објава беше избришана, но Погба доби силни критики од членови на клубот, како и од легендата Гери Невил, кој смета дека не е убаво „да се игра на гробот на сменет менаџер“. Од спонзорот „Адидас“ го бранеа својот клиент и рекоа дека постот бил дел од нивна маркетинг-кампања.
Без разлика што навистина стои зад објавата, Погба ќе биде удрен по џебот.