Леванте дури во 20-тиот настап сезонава во шпанската лига, ја извојува својата прва победа. Со многу среќа, совладана е Мајорка со 2-0.
Првиот гол за Леванте го даде Роберто Солдадо, кој стана третиот фудбалер во историјата (другите двајца се Мигел Солер и Карлос Аранда) што дал гол за седум различни прволигаши во Шпанија. Погодокот на 36-годишниот голгетер е половина на Енис Барди, кој имаше одлична асистенција.
На 2-0 зголеми Хозе Луис Моралес во 97-ма минута. Барди попладнево играше од прва до 85-та минута, а Леванте и понатаму е последен на табелата, со пет бода помалку од зоната за спас.
Мајорка утна пенал, по прегледување на снимка им беше и поништен гол, па го претрпеа третиот пораз по ред.
Ова е голот на Солдадо: