Време е за „браќата Сплеш“ за прв блесок по две години

8437 Голден Стејт ворирорс – Кливленд кавалирс (НБА, 02:30 часот)

По пауза од речиси две години, вечерва за прв пат ќе ги гледаме Стеф Кари и Клеј Томпсон.

Попознати како „браќата Сплеш“, овие двајца пред неколку години беа доминантни во НБА лигата, но повредите на Томпсон многу го погодија тимот на Стив Кер, сепак, тој од вечерва повторно е во протокол.

Јасно е дека ќе добие мала минутажа, но, и тоа ќе биде доволно да ја крене атмосферата кај Голден Стејт кој и така игра навистина одлично сезонава, а со враќањето на еден од нивните најдобри играчи, дефинитивно стануваат едни од најголемите фаворити за титулата.

Предлог тип: Т1>113.5 (1.84)

8439 Лос Анџелес лејкерс – Мемфис гризлис (НБА, 03:30 часот)

Ова може да се каже дека е дербито на вечерта во НБА лигата.

Мемфис изненади многумина и ибра навистина одлично сезонава и се во серија од осум победи по ред, со што го заземаат четврттото место во Западната конференција.

Лејкерс исто така ја кренаа формата, пред сè благодарение на неверјатниот Леброн Џејмс, а навистина е штета што оваа средба е ставена во овој доцен термин, бидејќи ќе биде навистина одлична за следење.

Ние очекуваме атрактивна кошарка со многу поени а околу победникот ќе биде навистина тешко да се прогнозира кој ќе биде.

Предлог тип: >226.5 (1.94)

8435 Далас маверикс – Чикаго булс (НБА, 01:30 часот)

Домаќинот има проблеми со неколку повредени играчи, а тука се мисли на Кристапс Порзингис и Бобан Марјановиќ, додека настапот на Лука Донќиќ е под знак прашалник.

Кај гостите, пак, само Алекс Карузо од поважните играчи е отсутен, додека сите останати се во ростерот и подготвени да одиграат нов ефикасен натпревар.

Предлог тип: Т2>109.5 (1.84)

8432 Торонто репторс – Њу Орленс пеликанс (НБА, 00:00 часот)

Домаќинот, конечно игра во посакуванта форма и реди победи со што се искачува на табелата во Источната конференција.

Њу Орленс, пак, игра во променлива форма, но, тешко дека вечерва ќе можат нешто да очекуваат на ова гостување.

Торонто со евентуална победа ќе биде во серија од шест такви остварувања, нешто што секако нема да сакаат да го пропуштат во борбата за плеј-оф.

Предлог тип: 1 со хекдикеп, -8.5 (1.93)

- Оглас -

Најнови вести