Нов одложен меч во Премиер лигата – „Болница“ е во Лестер и немаат доволно играчи

Продолжува хаосот создаден од Ковид-19, поточно од варијацијата Омикрон, во Премиер лигата.

Натпреварот меѓу Евертон и Лестер кој требаше да се одигра во вторник е одложен бидејќи „лисиците“ имаат дури 16 играчи кои што не можат да настапат.

Сите од нив имаат важна улога во тимот, а голем дел од позитивните тестови дојдоа по вчерашната средба против Ватфорт во рамките на ФА Купот.

Ова досега е 15-от одложен натпревар во Премиер лигата а челниците ќе имаат огромен проблем да пронајдат дополнителен термин да се одиграат, бидејќи со оглед на ситуацијата, дефинитивно ова нема да биде последната одложена средба до крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести