Клеј Томпсон е еден од најдобрите шутери во историјата на НБА-лигата кој две и пол години беше надвор од теренот. Ѕвездата на Голден стејт прво ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, а само што закрепна, заработи тешка повреда на Ахиловата тетива.
Поради овие повреди, Томпсон ги пропушти последните две сезони во НБА, а сега се врати на половина од првенството. Томпсон заигра на мечот против Кливленд и покажа дека повредите се зад него. Тој одигра 20 минути во кои постигна 17 поени, а посебно атрактивно беше забивањето во втората четвртина, кога со „слалом“ помина двајца противнички играчи, а кога тргна да забие, повторно двајца се обидоа да го сопрат, но не успеаја.