Вирџил ван Дајк беше еден од ретките првотимци на Ливерпул што вчера играше против третолигашот Шрусбери во ФА купот, а по мечот гостите го истакнаа прекрасниот гест на Холанѓанецот.
Ван Дајк заминал во соблекувалната на Шрусбери и им аплаудирал на играчите и им честитал за одличната игра, иако загубија на „Енфилд роуд“ со 4:1 и се елиминирани во ФА купот.
Стоперот на Ливерпул му го подарил и дресот на стрелецот за Шрусебри, Даниел Удох, кој потоа се пофали со четворката на Ван Дајк.
https://twitter.com/DanUdz9/status/1480310782411816967?s=20