Торино неочекувано лесно ја декласира Фиорентина со победа од 4:0 во меч од 21-вото коло во Серија А.
Иако се очекуваше неизвесен меч, домаќините го решија победникот веќе во првото полувреме со три гола и предност од 3:0.
Вилфред Синго ја најавија голеадата на разиграните Бикови со гол во 19-тата минута, а по него двапати погоди хрватскиот интернационалец Брекало.
Кога и Санабрија ја затресе мрежата на Терачијано во 58-мата минута, јасно беше дека домаќините ќе слават убедлива победа.
Торино направи убав скок на деветтото место со 28 бода од 21 натпревар, а Фиорентина остана на шестото место со 32 бода.