За Дани Алвес, Меси не е најдобриот напаѓач во историјата на Барселона

Десниот бек Даниел Алвес, кој по пет и пол години се врати во Барселона, во минатото осум години беше соиграч со Лионел Меси, но случајно или не, Бразилецот го „заборави“ Аргентинецот кога набројуваше кои се најдобри играчи на четири делови од теренот во историјата на Барса.

За Алвес најдобар голман е Виктор Валдес, најдобар дефанзивец Карлес Пужол, најдобар играч од средина на теренот Чави, а најдобар напаѓач Самуел Ето.

Иако Алвес и Меси беа многу блиски, сепак најтрофејниот фудбалер во историјата на фудбалот смета дека Ето бил „машина за убивање на голмани“.

Ето даде 130 гола на 199 меча во дресот на Каталонците. Алвес смета и дека наместо Меси, Златната топка годинава требало да ја добие Кристијан Ериксен, со што би се испратила силна порака.

- Оглас -

Најнови вести