Хаос во Мелбурн: Томиќ има симптоми и моли да биде тестиран, но нема ПЦР тестови (Видео)

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ е елиминиран уште во првото квалификациско коло на грендслем-турнирот Отвореното првенство на Австралија откако убедливо со 6:1, 6:4 загуби од Русинот Роман Сафиулин за помалку од еден час игра.

Кон средината на вториот сет, на паузата меѓу гејмовите, Томиќ гласно разговараше со судијата и се жалеше дека има симптоми на корона-вирус, но дека нема кој да го тестира.

„Сигурен сум дека ќе бидам позитивен на корона-вирусот во следните два дена. Тоа ти го кажувам…Не можам да верувам дека никој не прави тестови и дека на играчите им е дозоволено да излезат на терен со брз рапид тест направен во нивните соби. Нема официјално ПСЦ тестирање“, рече Томиќ.

Непосредно по завршување на мечот, Томиќ повторно се огласи и уште еднаш потврди дека не се чувствува добро.

„Се чувствувам навистина лошо. Моментно сум во хотелската соба. Разговарав со докторите на теренот и тие од мене побараа да се изолирам. Уште никој не дојде да ме види“, се пожали Томиќ.

- Оглас -

Најнови вести