Њукасл се расфрла со пари, нуди 60 милиони евра за играч на Бенфика

Њукасл е најактивниот клуб на трансфер-пазарот по доаѓањето на богатите Саудијци од Јавниот фонд за инвестиции, ПИФ, како нови сопственици на премиерлигашот.

Постојано се споменува по некоја понуда од популарните Чавки кон клубовите од Европа со цел клубот да се засили во зимскиот предоден рок.

Португалскиот медиум „О Жого“ објави информација дека Њукасл ѝ понудил 60 милиони евра отштета на Бенфика за да го ангажира уругвајскиот репрезентативец Дарвин Нуњес.

Нуњес е класичен напаѓач и игра одлично за Бенфика, па Њукасл би добил екстра засилување.

Уругваецот е млад, има само 22 години и е продукт на младинската школа на Пењарол.

Моментно Нуњес е прв стрелец во Португалија со 13 погодоци, заедно со Колумбиецот Луис Дијас од Порто.

 

- Оглас -

Најнови вести