Најдобриот тројкаш во историјата на НБА, Стеф Кари, мисли дека неговиот тим Голден Стејт вориорс од времето кога за нив играше и Кевин Дурант бил силен како ниту еден друг тим во историјата на лигата.
Кари нема дилеми дека Вориорс од 2016/2017 би го победил славниот состав на Чикаго булс од 1996 година предводен од Мајкл Џордан.
„Апсолутно би можеле да ги победиме. Секако, никогаш нема да дознаеме, но ако тие два тима ги споредиме на хартија, ние би имале добри шанси. Би рекол дека во плејоф би ги победиле со 4-2 во победи“, смета Кари.
Биковите од 1995/96 регуларната сезона ја завршија со 72 победи и тоа беше рекорд, додека Голден стејт во 2016 не направи 73 победи на 82 меча. Но, тој тим на Воините го загуби големото финале, па летото го купија Дурант. Со КД во тимот, Вориорс во регуларната сезона имаа 67-15, но во плејофот се прошетаа и добија 16 од 17-те меча.
Заеднички именител за Булс од пред 26 години и тој на Вориорс од пред шест е Стив Кер, кој играше за Чикаго, а беше тренер на Голден стејт. Никогаш нема да се дознае кој од тие два тима бил подобар, но дебатите нема да престанат.