Македонскиот тенисер Томислав Јотовски откако минатата недела го освои турнирот во Каиро во двојки, на вториот турнир тргна добро во поединечна конкуренција и го освои првиот поен во сингл сезонава.
Јотовски приреди изненадување против Италијанецот Алесандро Рагаци, кого го совлада со 6-3, 7-6. Рагаци е 444 места подобро рангиран од нашиот тенисер, кој имаше неколку подолги паузи кои резултираа со пад во рејтингот.
Во второто коло, Јотовски ќе игра со вториот носител Бенџамин Лок од Зимбабве (тенисер кој е во топ 500 на светот) или со Белгиецот Ромен Фокон.