Супер вести: И Митревски е негативен и чека потврда од ЕХФ да ѝ се приклучи на репрезентацијата

Никола Митревски доби негативен тест на последното тестирање и е во исчекување на „зелено светно“ од ЕХФ за настап.

Голманот најпрвин имаше негативен тест на седми јануари, а потоа три дена подоцна беше позитивен на ковид-19, но без никакви симптоми.

На вчерашното тестирање тој се покажа негативен и сега е во исчекување на одобрение од Европската ракометна федерација за да му се приклучи на тимот.

Јасно е дека Никола нема да биде дел од денешната средба, но неговото приство ќе биде од огромно значење за дуелите со Данска и Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести