Блиску, а сепак далеку, поразот од Словенија веројатно ја отпиша Македонија од место во втората фаза

Без Кирил Лазаров на теренот, македонскиот ракометен национален тим претрпе пораз на отворањето на Европското првенство и загуби од Словенија со 25-27, со што шансите за пласман во следната фаза на ЕП 2022 станаа само теоретски.

Македонската селекција направи повеќе грешки од противникот и тоа се покажа како кобно. Во средината на второто полувреме, при 19-18 за Словенија, имавме напад за изедначување, противникот го казни тоа со два гола по ред за 21-18.

При 23-22 примивме гол со цепелин и иако Црвено-жолтите постојано беа блиску, не го загрозија водството на Словенците.

Задутре од 18 часот следува меч со Црна Гора, дуел кој Македонија може да го добие и без Лазаров, кој на ова ЕП ќе биде само селектор, а в понеделник е пресметката со силната Данска, која ќе биде огромен фаворит.

- Оглас -

Најнови вести