Мурињо го начекаа во Лондон, а тој повторуваше само една работа (Видео)

Поминаа 24 часа од отказот кој Жозе Мурињо го доби од Манчестер јунајтед. Португалскиот стратег си замина од Манчестер и сега е во Лондон, каде што живее неговото семејство. Упорните англиски новинари го чекаа и го начекаа, надевајќи се дека ќе добијат некаква изјава од Мурињо, но се измамија.

„Може ли да прошетам?“, го праша Мурињо упорниот новинар, кој едноставно му се внесе во лице. Португалецот потоа беше запрашан дали има нешто да каже за тоа што се случуваше во изминативе 24 часа, но и за неговата иднина.

„Не, ме знаете мене. Немам што да ви кажам. Ме знаете. Ако сакате да прошетаме заедно, ајде ќе прошетаме, но немам што да ви кажам“, повторуваше Мурињо на разочарување на новинарот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести