Навивачите со оригинална кампања: Арјене, послушај го срцето!

Прославениот холандски фудбалер Арјен Робен сезонава ја игра јубилејната 10-та сезона во дресот на Баерн Минхен. Според најавите, Робен налето ќе се врати во Холандија, а прашање е кој ќе биде неговиот избор. Како најсериозна опција е тимот на ПСВ Ајндховен, но можно е да замине и во Гронинген, кој е негов матичен клуб.

Токму навивачите на Гронинген уште отсега започнаа акција во обид да го убедат Робен да дојде во редовите на клубот каде што ја има започнато кариерата. „Арјене, послушај го срцето!“ е пораката која е залепена на повеќе големи камиони.

Гронинген сезонава се бори за опстанок во холандското првенство и ако успее да остане во елитата, сигурно Робен ќе им биде големо засилување. ПСВ е втората опција за Робен, кој беше дел од тимот од Ајндховен во периодот од 2002 до 2004 година. Некои шпекулации велат дека дури и Ајакс би можел да влезе во трката за доведување на Робен.

 

- Оглас -

Најнови вести