Прогнозерите веруваат дека Интер нема да загуби, од шест меча вкупниот коефициент е 72

Само еден прогнозер ги има погодено сите пет парови од саботната понуда на 19. коло на Спортска прогноза. Дарко е перфектен со пет од пет, додека шестиот меч кој требаше синоќа да се игра, тој меѓу Бетис и Севилја беше прекинат во првото полувреме поради немил инцидент.

За денеска на понудата има седум меча, но еден дуел е одложен. Нема да се игра дербито во Премиер лигата меѓу Тотенхем и Арсенал, па од останатите шест средби може да се состави интересен тикет. Доколку не се одигра андалузиското дерби во Севилја, а секако е одложено лондонското дерби, па може во ова коло да се вкалкулираат и двата типа од резервните дуели.

Денешните шест меча се комбинација од три средби во француското првенство и три од италијанската Серија А. Возбудувањата започнуваат со два дуели од Италија. Сасуоло е голем фаворит за победа над Верона и повеќе од 80 отсто веруваат во „кец“. Како „печен“ за нерешен е дуелот Венеција – Емполи, па речиси секој втор прогнозер верува во икс.

Лориен со 78 отсто сигурност ќе го победи Анже, барем според типовите на прогнозерите. Стразбур дома игра со Монпелје, а тука советот е за двознак 1Х, што носи дури 90 отсто сигурност, затоа што само 10 отсто прогнозирале дека гостите ќе победат. Марсеј треба да го добие дуелот против Лил, барем според 65 отсто прогнозери.

За крај на колото е дербито во Серија А. Аталанта е домаќин на шампионот Интер. Аталанта е тим кој може да биде многу незгоден, па 25 отсто очекуваат кец. Сепак, дури три четвртини од прогнозите се или за победа на гостите или за нерешено, па најдобро е да се одигра на двознак во корист на шампионот.

Од овие шест натпревари вкупниот коеициент изнесува 72.36 што значи дека со само 20 вложени денари, можната добивка изнесува 1.447 денари.

3004 Сасуоло – Верона                  1

3005 Венеција – Емполи                Х

1705 Лориен – Анже                      1

1708 Стразбур – Монпелје             1Х

1710 Марсеј – Лил                         1

3007 Аталанта – Интер                   Х2

—————————————————————

Вкупен коефициент                          72.36

- Оглас -

Најнови вести