Дербито е во Мадрид, ПАО треба „да падне“

Олимпијакос синоќа победнички мина низ Барселона откако тимот од Пиреја славеше со убедливи 69:60. Вечерва следува нова шпанско-грчка пресметка, но во Мадрид. Реал ќе игра против Панатинаникос во дуел на два клуба кои заедно имаат освоено 16 титули во Евролигата.

Реал е актуелен бранител на континенталниот трон и фаворит на дуелот против Грците. Кралскиот клуб е полн со самодоверба, бидејќи на овој меч влегува по убедливата победа која ја забележа во вечното дерби против Барселона во домашното првенство.

И ПАО е во победнички ритам бидејќи славеше на последните три средби. Сепак, кога се работи за гостување во Мадрид кај Реал, тогаш тоа е речиси сигурен пораз бидејќи на последните пет средби Грците биле поразени.

Фелипе Рејес и Факундо Кампацо се неизвесни кај Реал, кој ја брка 13-тата победа во 15-тото коло од Евролигата. Панатинаикос е еден од најлошите гости сезонава во Евролигата и има само една победа на пет средби.

Вечерва во Евролигата играат уште Дарушафака – Жалгирис (18:15 ч.), Макаби – Химки (20:05 ч.), Милано – Баерн (20:45 ч.).

 

 

- Оглас -

Најнови вести