Ливерпул одигра одличен меч и лесно славеше со 3:0 против Брентфорд и без двете главни ѕвезди Мохамед Салах и Садио Мане, кои играат на Африканскиот куп на Нации.
Јирген Клоп подготви одлична тактика против популарните Пчели, кои лесно беа скротени.
Фабињо, Окслејд-Чембрлен и Минамино постигнаа по едне погодок, а Црвените од „Енфилд роуд“ покажаа дека се кадарни да победуваат и без главните адути.
#LIVBRE
Liverpool 3-0 Brentford | GOAL! Minamino. pic.twitter.com/J0aRxuDL5S— Fast Goals (@IFAST29) January 16, 2022
За Ливерпул покрај Салах и Мане не играа и Кеита, Тијаго Алкантара и повредениот Елиот, но победата и бодовите против Брентфорд не беа доведени во прашање.
Изнанадување приреди Лидс со победа од 3:2 против Вест Хем во Лондон. Блескаше Џек Харисон со хет-трик, а Лидс трипати водеше против фаворитот и успеа да освои значајни бодови во битката за спас.