Волфсбург и Сасуоло најмногу ги разочараа играчите на Спортска прогноза во 19-тото коло

Девет погодени натпревари беше максималниот учинок од „тринаесетката“ којашто беше понудена во ова 19-то коло од Спортска прогноза.

Дури тројца играчи: Бобан П., Миле М., Васко С. стигнаа до оваа бројка, која, за жал, не е доволна ниту да се освои ваучер од 500 денари. А ако се погледнат одиграните средби, ќе се заклучи дека ремито на Волфсбург најмногу ги разочара прогнозерите, кои пак беа убедени во триумф над Херта Берлин, додека конечниот резултат на крајот беше само 0:0.

Интересно е што покрај Бундеслигашот, тројцата наши редовни прогнозери на своите тикети веруваа и во победа на Сасуоло над Верона, а се случи спротивното. Сензационален триумф на гостите од 2:4, со што и дефинитивно дополнително ги намалија шансите на нашите играчи за ваучер.

Сепак, борбата за прекрасниот „ајфон 12“ продолжува и во наредното 20-то коло, во кое паровите ќе бидат познати утре во 14:00 часот.

Во генералниот пласман, Христијан Т. има 146 поени, пред Живко Д. кој, пак, е на бројката од 142, на делба на третата позиција се Богољуб Ј. и Бобан Ј., коишто имаат по 140 бода.

Првото место во генералниот пласман на крајот од сезоната добива смарт ТВ од 48 инчи, второпласираниот на својот Sport Life акаунт ќе добие 500 илјади поени од SL маркетот, третото место за подарок ќе добие 400 илјади поени, четвртото место 300 илјади поени додека, пак, петтопласираниот за подарок ќе добие 200 илјади поени.

За да учествувате во оваа игра, потребно е да имате Sport Life картичка, за која можете бесплатно да аплицирате во кој било уплатен објект на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести