Филип Миркуловски не планира да се откаже од настапите во дресот на Македонија.
Еден од најдобрите наши ракометари во историјата ќе продолжи да ги брани боите на Македонија и по ова Европско првенство.
„Доколку ме следи здравјето и немам никакви повреди, ќе играм за Македонија и во баражите“, изјави Миркуловски.
Се надеваме дека искусниот среден бек нема да има никакви посериозни повреди во иднина бидејќи неговото искуство е драгоцено.