Елиф Елмас и Тихомир Костадинов и дефинитивно нема да играат за Македонија на квалификацискиот бараж за СП против Италија.
ФИФА донесе одлука со којашто се поништуваат картоните, односно тие што имаат по еден со цел да можат да играат во финалето од баражот.
Елиф и Тихо „пожолтеа“ против Исланд и со тоа ќе мора да го пропуштат овој важен меч за Македонија.
Средбата против Аѕурите е закажана за 24 март, и тоа првично беше најавено во Палермо, но се појавија дополнителни информации каде што се наведува дека би можело да се игра на неутрален терен.