Роберт Левандовски ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот за 2021 година во изборот на ФИФА, а Светската фудбалска федерација го објави и тимот со најдобри 11 играчи.
Помалку чудно, за прв пат најдобриот состав е во формација (3-3-4), односно има по тројца играчи во одбраната и во средниот ред и дури четворица во нападот.
Во изборот на кој гласаа само фудбалерите, на голот е Донарума. Во одбраната се Алаба, Бонучи и Рубен Дијас, а триото во средниот ред е за Де Брујне, Жоргињо и Канте. Во нападот е квартетот Левандовски, Меси, Роналдо и Халанд.
FIFPro have named their men’s and women’s World XI for 2020/21! 🤩
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 17, 2022