Најнеобична порака по победата на Австралија опен

Италијанскиот тенисер Матео Беретини се пасираше во второто коло од Австралија опен, откако со 3:1 во сетови го победи Американецот Брендон Накашиму. По завршување на мечот, Беретини имаше необична посвета.

Минатогодишниот финалист на Вимблдон, за време на мечот дури три пати бараше лекарски тајм-аут, а по победата, откри што бил неговиот проблем.

„Имав проблеми со стомакот. За среќа останав фокусиран на теренот благодарение на мојата ментална сила. Моето тело едноставно не беше тука“, рече Беретини.

Пред да замине од теренот, Беретини со фломастер испиша порака на камерата. „Имодиум! Ти благодарам!“, напиша Италијанецот. Инаку Имодиум е лек кој се користи за брзо и ефикасно лечење на диареа.

 

- Оглас -

Најнови вести