Лазаров: Невозможна мисија беше дуелот со Данска, но мислам дека одиме во вистинска насока

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров признава дека Данска е многу посилна селекција од нашата, но дека овој меч преставува одлично искуство за нашите ракометари.

„Секогаш ми е задоволство да играм против големи екипи, да се надмудрувам, но колку и да се трудев, ова беше невозможна мисија. Едноставно не можевме да им дадеме поголем отпор на Данците. Во игра влегоа и неафирмирани играчи кои се млади и кои би требало да бидат иднина. Минутите кои ги поминаа на теренот ќе им значат многу. Едно е кога македонските играчи ќе ги видите во македонски клуб, а друго е кога ќе ги видите на дуел против Данска“, вели Лазаров.

Што се однесува до целокупниот настап на ЕП, Лазаров вели дека се видело дека ривалите биле опасни.

„Мислам дека одиме во вистинска насока. Создавам слика за оние 16 до 20 играчи кои би можеле да играат во двете насоки, за да можеме да играме со ривали како Данска. Многу ни значи ова ЕП. Мислевме дека можеме против Словенија и Црна Гора, но се покажа дека тоа се силни ривали. Посебно изненади Црна Гора. Имавме и проблеми на ова ЕП. Треба да ги засукаме ракавите и да работиме да го прошириме ростерот за да бидеме конкурентни и да останеме на големите натпреварувања“, вели Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести