Македонија го освои 22-рото место на Европското првенство во ракомет

Македонската ракометна репрезентација ќе се најде на 22-рото место на финалната табела на Европското првенство 2022 година. Послаби од нашите ракометари се само Украина и Босна и Херцеговина, кои истотака претрпеа три порази, со уште полоша гол-разлика од Македонија.

Ако се гледа според бројките, ова е најлош пласман во историјата, никогаш не сме биле дури 22-ри, но треба да се знае дека е ова само второ ЕП со 24 тима учесници. Сигурно е најлош биланс бидејќи првпат не успеавме да освоиме бод, но на ЕП во 1998 година, Македонија беше последна, 12-та од 12 тима, па ако е за некаква утеха, овој тим сега барем не е последен.

ЕП продолжува со втората фаза во Будимпешта, а меѓу 12-те најдобри кои одат понатаму, ќе го нема домаќинот Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести