Црногорскиот плукач Ласица, во СЕХА лигата со Партизан ќе гостува во Битола!

Најомразена личност за македонските ракометни фанови изминатата недела беше Марко Ласица, Црногорецот кој плукна македонските навивачи во Дебрецин, а за некој месец, битолската публика ќе има „чест“ да му приреди топло добредојде на плукачот.

Ждрепката за СЕХА лигата ги смести во иста група екипите на Партизан и Еурофарм Пелистер, а Ласица игра за белградските Црно-бели. Освен Партизан, противници на битолчани во групата ќе им бидат и ППД Загреб и Татран Прешов.

Вардар 1961 е во групата Б, заедно со Мотор Запорожје, Нексе и Војводина. Директно во четвртфинале се Веспрем и Мешков Брест.

- Оглас -

Најнови вести