Даниел во последните часови пред новата година стана најдобриот типстер за декември

Даниел Мицалинов е најдобриот типстер за декември и со тоа си освои 100 илјади денари од Sport Life.

Со 10 погодени тикети од кој последниот дојде на само неколку часови пред дочекот на новата година, тој на крајот заврши пред Ивица Гулев кој остана на девет погодени ливчиња и си заработи 30 илјади денари, додека, пак 20 илјади денари освои Драган Спасовски како третопласиран.

„Водев во првата половина од месецот, додека потоа бевме израмнети со Ивица и така практично беше до 31 декември.

Тогаш успеав да фатам тикет на кој што два натпревари ми дадоа во последните мигови пред да завршат и со тоа се искачив на првото место.

Ова не ми е прво вакво остварување, бидејќи и пред неполна година земав исто така 100 илјади денари кога успеав да погодам највеќе натпревари на еден тикет.

Бев сигурен во себе дека ќе бидам и најдобар типстер и им го велев на сите мои поблиски луѓе“ изјави Даниел.

НАВИВА ЗА РЕАЛ МАДРИД А ИМА И ОМИЛЕНА ИГРА ЗА ГОЛЕМИ ДОБИВКИ

Мицалинов ја знае добитната формула за тоа како се прават успешни тикети, а за тоа има и своја тајна која ќе ја открие.

„Навивам за Реал Мадрид, додека омилена игра ми е таа да има од еден до три гола во прво и во второ полувреме.

Сите англиски лиги што ги има во понудата се одлични за играње, тие ми се најомилените екипи за обложување. Многу е реална играта а и квотите се навистина добри и може лесно да се погоди. Играм и останати спортови односно речоиси сè што има во понудата.

САМО ТРПЕНИЕ И СЛЕДЕЊЕ НА ПРАВИЛАТА

„Мој совет до останатите играчи за тие што сакаат да играат во натпреварувањата на Sport Life е да ги следат правилата и да имаат само трпение, бидејќи само така може да се направи добитен тикет.

Јас учествувам во сите и повторно најавувам дека ова нема да биде последен мој подарок од страна на Sport Life“ самоуверено завршува Даниел.

- Оглас -

Најнови вести